Од почетокот на руската инвазија на Украина, убиени се најмалку 1563 цивили, објави канцеларијата на високиот комесар за човекови права во Обединетите нации (ОХЦХР). Во соопштението се наведува дека се ранети намалку 2213 цивили.
ОХЦХР наведува и дека „вистинските бројки се веројатно многу поголеми“.
Како места во кои се убиени најмногу цивили, според досегашните извештаи, се наведуваат Мариупол, Валноваху, Изјум, Попасна и Бородјанка.