недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН открива колку цивили досега загинаа во Украина, меѓу нив има и деца

ОН открива колку цивили досега загинаа во Украина, меѓу нив има и деца

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации го ажурираше бројот на жртви што го потврди во Украина од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари.

Според ажурираните податоци, ОН информира дека засега има потврда дека најмалку 364 цивили се убиени, меѓу кои 25 деца, а 759 се повредени. Но, се додава, реалните бројки веројатно се „значително повисоки“.

„Повеќето регистрирани цивилни жртви се предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и мултилансирни ракетни системи, како и од ракетни и воздушни напади“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХЦХР).  (МИА)