среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН предупредуваат на брзо ширење на колерата во Сирија

ОН предупредуваат на брзо ширење на колерата во Сирија

Обединетите нации предупредија на брзото ширење на колерата во Сирија, соопштувајќи дека се потребни 34,4 милиони долари за тримесечен Акциски план за итни случаи.

Турската агенција Анадолија наведува дека службеничката за хуманитарни прашања на ОН, Рина Гелани, го предупредила Советот за безбедност на ОН за епидемијата на колера, која брзо се шири во оваа земја.

Таа изјави дека милиони луѓе во Сирија, земмјата разурната од граѓанската војна, во моментов се соочуваат со недостиг на вода, особено во Хаши, Ал Баб и Алепо.

Колерата е заразна болест на тенкото црево предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae.

Болеста се шири со конзумирање на загадена вода, ракови, школки и риби и друга храна загадена со секрети од заразени лица.