Првиот брод со жито би можел да ја напушти Украина утре, изјави на прес-конференција заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс.
– Тоа ќе се случи за неколку дена, се надеваме утре, рече тој.
– Се разбира, во тие пристаништа има бродови со жито, подготвени за заминување, и тие први ќе тргнат и потоа ќе започнеме со проверка и влез на бродовите, рече Грифитс. (МИА)