Специјалната известувачка на Обединетите нации за убиства без судење (extrajudicial executions), Агнес Каламар изјави дека САД не обезбедиле докази, со кои би се оправдал воздушниот напад врз возилото со кое патуваше иранскиот генерал Касим Сулејмани.
– Генералот беше задолжен за акции на Техеран во Сирија и Ирак. И покрај тоа не претставувал директна опасност по животите, истакна Каламар.
Таа додаде дека ОН треба да донесат резолуција за употребата на дронови при убиства на луѓе.
На 3 јануари годинава во близина на аеродромот во Багдад убиени се генерал Касим Сулејмани од елитните сили Кудс на Исламската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација. Во нападот, покрај Сулејмани и иранските офицери, загинаа вкупно 10 лица, од кои петмина од Ирак.