сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Во Украина потврдени над 100 случаи на силување

ОН: Во Украина потврдени над 100 случаи на силување

Претставничката на ОН Прамила Патен, рече дека Светската организација потврдила повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни блиску до реалноста, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

– Кога жените се заробени со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за снабдување на руски војници со вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија, рече Прамила Патен, која е специјален претставник на ОН задолжена за сексуално насилство во зони на конфликт.

Жртвите се првенствено жени, рече таа, но има и мажи и деца. Минатиот месец, истражителите на ОН заклучија во извештајот дека руски војници силувале деца – од кои некои биле на возраст од четири години, пишува Бизнис инсајдер.