петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН загрижени за смртните случаи на мирните протести во Иран

ОН загрижени за смртните случаи на мирните протести во Иран

Обединетите нации изразија „зголемена загриженост“ за извештаите за смртни случаи во актуелните протести против властите во Иран, јави ДПА.

-Ги осудуваме сите инциденти што резултираа со смрт или сериозни повреди на демонстрантите и повторуваме дека безбедносните сили мора да избегнуваат секаква непотребна или непропорционална употреба на сила против мирните демонстранти. Одговорните мора да сносат последици, изјави портпаролот на ОН во Њујорк.

Обединетите нации ја повикаа иранската Влада во Техеран да ги почитува човековите права, истакнувајќи дека кризата може и треба да се стави под контрола преку дијалог, пренесува ДПА.

Немирите низ Иран беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини. Полицијата за морал ја уапсила поради наводно кршење на исламските правила за облекување. Таа почина во полициски притвор на 16 септември.

Од нејзината смрт, илјадници лица демонстрираат низ целата земја против репресивните мерки на владата и исламскиот систем на владеење. (МИА)