среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Орбан ги повика граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19: Вакцината е слична како полиса за животно осигурување

Орбан ги повика граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19: Вакцината е слична како полиса за животно осигурување

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска истакна дека четвртиот бран на коронавирус е неизбежен и ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Орбан истакнал дека „вакцината против Ковид-19 е слична како полиса за животно осигурување“ и додал дека викендов ќе ја прими третата доза вакцина.

-Четвртиот бран на пандемијата наскоро ќе дојде во Унгарија, вели Орбан кој наведува дека 59 проценти од Унгарците се вакцинирани против Ковид-19.

Орбан го повика населението да се вакцинира и предупреди дека делта варијантата на вирусот е далеку поагресивна од претходните мутации.