недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина

Орбан повторно повика на прекин на огнот во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска упати нов повик за прекин на огнот во Украина, на одбележувањето на годишнината од почетокот на руската агресија врз соседната земја.

„Не сме наивни. Знаеме дека се мали шансите за мировен договор прифатлив за двете страни“, напиша тој на Твитер.

„Но, се разбира, првата фаза е да се постигне прекин на огнот преку преговори. Ова е единствениот начин да се спасат животи“, порача Орбан.  (МИА)