Унгарија вети дека ќе и испрати 187 милиони евра на Украина, како дел од планираниот пакет помош од ЕУ.
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека е подготвена да го исплати својот дел од помошта за Украина, но во исто време посочи дека повеќе би сакала Будимпешта помошта да ја исплаќа билатерално отколку во рамките на ЕУ.