По работната посета во Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Ирска. Тој во Даблин ќе има средба со заменик претседателот на Владата, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, Михол Мартин.
Покрај средбата со Мартин, на агендата на Османи е и средбата со државниот министер за европски прашања Петер Бурк.
Во рамки на престојот во Даблин, Османи ќе се обрати пред Заедничкиот комитет за односи со Европската Унија на Ирскиот законодавен дом, соопшти МНР. (МИА)