Денис Киреев, член на делегацијата на Киев во преговорите со Русија, бил ликвидиран од Службата за безбедност на Украина, пренесува Izvestja.ru.
Според зборовите на пратеникот на Врховната рада на Украина, Александар Дубински, Киреев бил осомничен за предавство, а при апсењето бил убиен.
Засега нема официјална потврда за оваа информација.
The SBU liquidated a member of the negotiating group of Ukraine Denis Kireev. He was suspected of treason. Kireev was killed in custody. pic.twitter.com/LKsCUn0UZq
— The Name (@small_float) March 5, 2022
Украинските медиуми, пак, јавуваат дека Денис Киреев, член на првата делегација на Украина, е мртов. Бил убиен во Киев во близина на судот во Печерск.
Засега нема официјални информации за причината за убиството и за одговорните за истото, вели украинската страна.