Осум тинејџерки се обвинети за убиство на 59-годишен маж кој беше избоден со нож во центарот на Торонто. Полицијата објави дека верува оти девојките се запознале на социјалните мрежи и го планирале убиството.
Според полициските извештаи, девојките во неделата рано наутро нападнале и избоделе маж на плоштад во близина на главната железничка станица.
-Три девојки имаат 13, три 14 и две имаат 16 години, јавуваат канадските медиуми.
Полицијата не го наведе името на жртвата, но на прес-конференција рече дека мажот неодамна се преселил во системот за засолниште за бездомници во градот.