вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако Сунак стана премиер, пет министри во британската влада поднесоа оставки

Откако Сунак стана премиер, пет министри во британската влада поднесоа оставки

Петмина министри во британската влада ги напуштија своите функции откако Риши Сунак стана премиер, јавува Би-Би-Си.

Оставка поднесе сегашниот министер за правда Брендон Луис, а заминува и министерот за економија и енергетика Џејкоб Ред-Муг. Оставка поднесува и министерот за образование Кит Малтхаус. Кло Смит веќе нема да биде министер за вработување и пензински состав, а Ранил Џејворден даде оставка како министер за животна средина.

Најважно за Сунак е што ќе остане Џереми Хант како министер за финансии, со оглед дека беше именуван од Лиз Трас.