среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отровен амонијак истекува од фабрика во Суми, апел до жителите да се засолнат

Отровен амонијак истекува од фабрика во Суми, апел до жителите да се засолнат

Многу отровен амонијак истекол утринава од хемиска фабрика во Суми на североистокот во Украина.

Дмитро Живички, предводник на регионалната управа на Суми, ја информира јавноста за истекување и апелираше до жителите во радиус од пет километри од фабрика да се засолнат во подрумите или становите во приземје за да избегнат контакт со отровната хемикалија.

Гасот со јак мирис е полесен од воздухот. Живички не кажал која е причината за истекувањето на амонијакот.

Минатата недека, руската војска ја обвини Украина дека подготвува хемиски напад на цивили за кој планира да ја обвини Русија.

Западните држави неодамна истакнаа дека зголемен е ризикот за можноста Русија да употреби биолошко или хемиско оружје.