недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Отруено кучето кое спасувало луѓе по страшниот земјотрес во Аматриче

Отруено кучето кое спасувало луѓе по страшниот земјотрес во Аматриче

Куче, германски овчар по име Каос кое спасувало луѓе по страшниот земјотрес во Аматриче во 2016. година било отруено во дворот на куќата на сопственикот.

Труењето предизвиква голем број повици за построги казни против чинителите на овие напади.

Полицијата го истражува случајот, за кого информираше сопственикот на кучето.

Каос помагал во барањето преживеани во градот Аматриче по земјотресот во 2016. година, но помагал и во потрага на други исчезнати лица. Сопственикот се надева дека смртта на Каос ќе помогне во усвојување на законот за труењето на кучиња кој веќе бил предложен во почетокот на годината.

-Смртта на Каос допре до совеста на италијанскиот народ, изјавил сопственикот.

Тројца министри повикаа на сузбивање на труењето кучиња. Труењето во Италија не е невообичаено.

Во земјотресот во Аматриче загинаа 297 луѓе.