Денеска во Индискиот Океан паднаа остатоците од најголемата кинеска ракета. Повеќето од нејзините делови се уништија при самото влегување во атмосферата на Земјата.
Делови од ракетата „Лонг Марч 5Б“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време.
Моментот кога дел од кинеската ракета „Долг марш 5Б“ од 18 тони падна на земја, е снимен со мобилен телефон.
Според мониторингот и анализата, кинеската агенција навела дека првиот дел од ракетата „Долг марш 5Б“ влегол во атмосферата во 10,24 часот по локално време (4,24 по средноевропско време), и им дал на координатите на локацијата во Индискиот океан во близина на Малдиви.
Како што објави агенцијата, поголемиот дел од тоа парче изгорело и било уништено при влегувањето во атмосферата.
#BreakingNews #Exclusive Footage #ChineseRocket Lands in Indian Ocean.pic.twitter.com/Eamy1dyqPc
— Sukhoi Su-57 Felon 🇷🇺🇮🇳 (@I30mki) May 9, 2021