Австралиската регулаторна агенција денеска ја одобри привремената вакцина „Фајзер“ против ковид-19 за деца на возраст од пет до 11 години, а министерот за здравство Грег Хант рече дека имунизацијата може да започне на 10 јануари, пренесува Ројтерс.
Хант рече дека регулаторната администрација „направи внимателна и темелна проценка и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од 5 до 11 години“.
По првичното одложување на програмата за имунизација против ковид-19, Австралија стана една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација. Речиси 88 проценти од возрасните постари од 16 години примиле две дози.
Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување.
Нов Јужен Велс, земјата со најголема популација, денеска регистрираше уште два случаи на варијанта на омикрон и сега има вкупно 15. Се уште не е познато дали и колку вакцините се ефективни против овој вид.