понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оваа земја забрани медиумска промоција за Денот на вљубените

Оваа земја забрани медиумска промоција за Денот на вљубените

Пакистанското регулаторно тело за електронски медиуми ги предупреди радијата и телевизиите да не следат никакви случувања поврзани со Денот на вљубените.

Забраната првпат беше воведена минатата година откако Високиот суд во Иламабад го прогласи за културен увоз од Западот и против исламското учење.

Многу млади во Пакистан, земја со огромно муслиманско мнозинство во која 60 отсто од населението е помладо од 39 години, во изминатите години ја прифатија традицијата, дарувајќи цвеќе, срца и слатки на 14 февруари.

Верско-политичките активисти и екстремните партии таквото однесување го сметаат за неморално.