понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оваа жена е монструм: Кога ќе дознаете што им направила на близначињата, ќе барате смртна казна за неа!

Оваа жена е монструм: Кога ќе дознаете што им направила на близначињата, ќе барате смртна казна за неа!

Полицијата во Калифорнија ја уапсила Хедер Ленгдон (37) поради сомнеж дека своите синови, 10 месечните близначиња, ги удавила во мотел во централна Калифорнија.

Само ден пред тоа полицијата помогнала да се сместат во тој мотел, откако таа претходно поради проблематично однесување, била исфрлена од прифатилиште за жени.

Во полицијата објасниле дека никогаш порано немале контакт со оваа жена и дека би повикале психијатриска установа доколку се посомневале дека Хедер може да биде опасна за децата.

Телата на децата биле пронајдени во четвртокот наутро.

Првата екипа која дошла на повик се обидела да ги реанимира бебињата. Тие ги одвезле во болница, каде пробале да ги реанимираат, но набрзо биле прогласени за мртви.