Моќен политичар се забавувал со студентка, а кога таа останала бремена, ладнокрвно ја убил со осум убоди со нож.
Телото на 26-годишната Шарон Отиено од Кенија било најдено во шума. Обдукцијата покажала дека несреќната девојка пред смртта била силувана, а потоа убиена со осум убоди со нож. Таа била бремена.
За убиството е осомничен Окот Обадо, гувернер на областа Мигори во Кенија. Овој влијателен политичар, кој бил женет, пред судот изјавил дека не се чувствува виновен.
Освен гувернерот, притворени се и двајца негови соработници, кои му помагале да го изврши грозоморното убиство.
Јавноста е згрозена од позадината на убиството. Убиената девојка на почетокот на месецов контактирала новинар со цел да му раскаже детали за нејзината врска со гувернерот. Но, кога се сретнала со новинарот и двајцата биле киднапирани. Новинарот успеал некако да избега од автомобилот во движење, додека студентката останала со грабнувачите.
Главниот обвинител на Кенија е решен овој случај да се расчисти целосно, а виновникот да се соочи со правдата, без оглед на неговата политичка моќ.