петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна „банкомат бандата“ која разнесуваше апарати, формирале и центар за обука

Падна „банкомат бандата“ која разнесуваше апарати, формирале и центар за обука

Полицијата во Холандија и Германија уапсила девет члена на банда одговорна за низа грабежи на банкомати во Германија, како и за формирање на центар за обука за кревање во воздух на банкоматите, соошти денеска Европол.

Откривањето на импровизираниот центар во холандскиот град Утрехт, помогнал во разоткривање на бандата за време на 18 месечната прекугранична истрага.

Германската полиција изјавила дека станала сомничава кога 29 годишен Холанѓанец нарачал неколку банкомати истакнувајќи дека му се потребни за еден уметнички проект во Холандија.

Банкоматите биле испорачани во складиште во Утрехт каде мажот и негов соучесник се обидувале на разни начини да ги „кренат во воздух“ за да дојдат во готовината. Своите обиди ги снимале, соопшти Европол.

-Парот нарачувал разни модели на банкомати и снимал туторијали за тоа како најефикасно да се разнесат, се наведува во соопштението.

Полицијата во централна Холандија соопштила дека на крај 29 годишникот починал во септември 2020 година додека тестирал експлозивна направа во центарот за обука, додека еден соучесник бил повреден и уапсен.

Нивниот идентитет не е објавен. Полицијата во Холандија уапсила тројца осомничени и извршила претрес во седум објекти, каде била пронајдена опрема која се користи за разнесување банкомати. Најновиот број на приведени за време на истрагата е девет лица.

Бандата е обвинета дека минирала најмалку 15 банкомати ширум Германија, нанесувајќи штета од над милион евра. Во 2020 година низ Германија се разнесени околу 414 банкомати, што е зголемување од 19 отсто во однос на годината пред тоа.