четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна цената на нафтата откако Кина го стави во карантин цел Шангај

Падна цената на нафтата откако Кина го стави во карантин цел Шангај

Цените на нафтата во светот денеска паднаа откако Кина поради случаи на коронавирус го стави во карантин цел Шангај, важен финансиски и производствен центар.

Цените на нафтата брент паднаа за повеќе од 4,5 долари за барел поради загриженоста дека „заклучувањето“ на Шангај може да доведе до пад на побарувачката на нафта, јавува Би-Би-Си.

И покрај падот, цените на нафтата се уште се речиси 80 отсто повисоки од пред една година, а војната во Украина придонесе за голем скок.

Шангајскиот композитен индекс падна на почетокот на тргувањето на берзите, но го врати најголемиот дел од загубата во текот на денот. Денешниот карантин во Шангај е најголемо „заклучување“ во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години. (МИА)