Австрискиот парламент изгласал недоверба за владата на Себастијан Курц, по обвиненијата за корупција во кои главен актер бил сега веќе неговиот поранешен заменик, Хајнц-Кристијан Штрахе.
Скандалот на Ибица довел до распад на коалиционата влада.
Барањето за недоверба на владата го поддржале пратениците на социјалдемократите и десничарската Слободарска партија, која била во коалиција со Курц до пред една седмица.
Австриската владејачка коалиција меѓу Народната партија на Австрија на канцеларот Курц и Слободарската партија, ја потресол скандалот од 17-ти мај, кога во јавноста се појавиле видео-снимки на кои се гледа како вицеканцеларот и лидер на FPO Штрахе, бара мито од жена која наводно е внука на руски тајкун.
По скандалот Штрахе поднел оставка на сите политички функции, за да не и наштети на коалицијата. Тој остро ги критикувал снимките на целено политичко убиство, велејќи дека објавените делови се извадени од контекст
Курц брзо се дистанцирал од коалициониот партнер и повикал на вонредни избори, како единствен начин да се врати довербата во јавните институции.