петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Паднале повеќе од 5.000 членови на банда во Салвадор! Уапсени за малку повеќе од една недела

Паднале повеќе од 5.000 членови на банда во Салвадор! Уапсени за малку повеќе од една недела

Паднале повеќе од 5.000 членови на банда! Уапсени за малку повеќе од една недела

Обвинети се за незаконско поседување на оружје, членство во криминална организација, поседување на дрога и полово насилство.

Силите за безбедност уапсиле повеќе од 5.000 членови на банда во Ел Салвадор за нешто повеќе од една недела, рекол денеска претседателот Најиб Букеле, пренесува “Hina”.

Букеле преку Твитер објавил дека за 8 дена се уапсени 5184 членови на банда, па објавил фотографии од уапсените и видеа од оклопни возила. Полицијата претходно објавила дека само во неделата уапсила 100 осомничени.

Обвинети се за незаконско поседување на оружје, членство во криминална организација, поседување на дрога и полово насилство, пишува “Jutarnji List”.

Владата во Ел Салвадор неодамна прогласила вонредна состојба поради бранот на насилства поврзан со бандите. Зголемени се и казните за злосторствата кои ги вршат членовите на бандите.

Организациите кои се занимаваат со човекови права изразиле загриженост, а Букеле рекол дека невладините организации, активистите во борбата за човекови права и новинарите им се сојузници на бандите.

„Стана јасно кои се соработниците на бандите“, гласи твитот кој Букеле го објавил во неделата. Салвадор, држава од 6 милиони жители, има една од најголемите стапки за убиства на светот.

Според податоците на полицијата, во 2019-та година во просек имало по 36 убиства на 100.000 луѓе, што е двојно помалку отколку пред три години.

Откако Букеле е на власт на земјата, тој број паднал на 20 убиства на 100.000. Ги отфрлил обвиненијата за постоење на неофицијален пакт меѓу владата и бандите.