недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пакистан првпат нарача сурова нафта од Русија по намалена цена

Пакистан првпат нарача сурова нафта од Русија по намалена цена

Пакистанскиот министер за нафта Мусадик Малик соопшти дека неговата земја првпат нарачала сурова нафта од Русија по намалена цена.

Според договорот меѓу Исламабад и Москва, Пакистан ќе купува само сирова, а не преработена нафта.

Ако првата трансакција се одвива без проблеми, Пакистан ќе увезува 100.000 барели сурова нафта дневно од Русија, рече Малик.

Бродот за нафта ќе вплови во пакистанското пристаниште Карачи во мај, се додава во соопштението.