Актерката Памела Андерсон го посети Џулијан Асанж во затвор, ова е нејзина прва посета откако беше уапсен во април, пренесува CNN.
„Тој не заслужува да биде во затвор од ваков формат. Никогаш не сторил насилно дело, тој е невин човек“, изјави Андерсон по посетата на затворот во Лондон.
Таа додаде дека Асанж е изолиран од сите, вклучувајќи ги и неговите деца, и нема никаков пристап до информации.
„Тој е добар човек, неверојатна личност. Многу го сакам и не можам да замислам низ што минува“, вели Андерсон.