сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПАНИКА: Пронајдено возило полно со експлозив во близина на Париз

ПАНИКА: Пронајдено возило полно со експлозив во близина на Париз

Возило во чиј бакаж имало експлозив е пронајдено во близината на Париз, пренесува денеска францускиот весник „Паризиен“ повикувајќи се разузнавачки извори.

Според првите елементи од истрагата, се почнало со рутинска контрола на полицијата на една бензиска пумпа. Возачот веднаш откако се појавила контролата побегнал со автомобилот, што предизвикало сомнеж кај припадниците на безбедносните сили.

Возилото е пронајдено напуштено за време на ноќта, а во багажот имало експлозив како и одреден број лажни регистарски таблички.

Франција се уште е вонредна состојба поради терористичките напади од 2015. година.