Папата Франциско рекол дека Божиќ не смее да се врти околу размената на подароци и да се помине во масовна потрошувачка.
За време на говорот во Ватикан, папата ги повика католиците да се потсетат на првичната цел на Божиќ, а тоа е одбележување на Христовото раѓање, пренесува Дејли Меил.
“Рекламната машина ни вели дека мора да размениме што повеќе подароци за да изненадиме некој. Но, дали тоа е начинот на прослава која ја сака Бог?”, рекол папата Франциско.
Тој потоа истакна дека суштината на Божиќ е слушањето на тивкиот глас на Бог.
“Не дозволувајте да го претвориме Божиќ во модерен настан”, додаде тој.