Папата Франциск го повтори својот повик за мир во Украина во неговото трето обраќање за Божиќ денеска во Рим.
– Ја обновувам мојата желба за мир: мир во семејствата, мир во парохиите и верските заедници, мир во движењата и здруженијата, мир за оние народи разурнати од војна, мир за милата и маченичка Украина, рече Франциск во обраќањето до верниците на плоштадот Свети Петар.
Поглаварот на римокатоличката црква упати слични повици за време на Божиќната миса во Свети Петар и во говорот на традиционалниот благослов Urbi et Orbi на Божиќ.