Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека видеото емитувано на иранската државна телевизија, на кое се прикажуваат „признанијата“ на двајца француски државјани за поттикнување немири е „срамно, револтира и e неприфатливо“.
– Сесил Колер и Жак Парис се произволно се во притвор од мај 2022 година и како такви се државни заложници… инсценирањето на нивните наводни признанија е срамно, револтира и е неприфатливо и спротивно на меѓународното право, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Веб-страницата на официјалната иранска телевизија на арапски јазик Ал-Алам денеска објави „признание“ за наводната шпионажа на двајца Французи уапсени во Иран.
Во видеото, жена која зборува француски тврди дека е Сесил Колер и дека е оперативно разузнавач во француската разузнавачка служба ДГСЕ.
На 11 мај Иран објави дека уапсиле двајца Европејци „кои влегле во земјата со цел да предизвикаат хаос и да го дестабилизираат општеството“.