На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин.
Разговорот меѓу Макрон и Путин траел еден час.
Францускиот претседател од почетокот на руската инвазија врз Украина, осумпати разговараше со Путин осум пати, и 17 пати со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во претходно објавеното соопштение од Кремљ се наведува дека Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници.
Кремљ исто така посочи дека разговорот е одржан на иницијатива на Макрон. (МИА)