понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Парламентарни и локални избори во Малезија

Парламентарни и локални избори во Малезија

Во Малезија денеска се отворени гласачките места на кои Малезијците ќе ги изберат своите претставници во Парламентот и во органите на локалната власт.

Околу 15 милиони луѓе со право на глас изберат 222 пратеници во Долниот дом на Парламентот и 505 претставници на локални органи на власта.

Гласањето ќе заврши во 17 часот по локално време (11 часот по средноевропско време).

За пратенички места се борат над 2.300 кандидати. Според експертите, главната борба ќе биде меѓу владејачката коалиција Национален фронт на премиерот Наџиб Разак и опозициската коалиција Алијанса на надежта, предводена од поранешниот премиер Махатхир Мохамад.

Според експертите, Националниот фронт може да освои 120 од 222 места во Парламентот и дека сепак 64-годишниот Разак ќе ја предводи и следната влада.

МИА