недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Парламентарни избори во Шведска

Парламентарни избори во Шведска

Во Шведска денеска се гласа за избор на нов парламент, а избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време.

Првичните резултати се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места. Првите официјални делумни резултати треба да ги објави изборната власт во текот на вечерта.

Анкетите покажуваат тесна трка меѓу двата политички табора. Социјалдемократите предводени од премиерката Магдалена Андерсон најверојатно повторно ќе освојат најмногу гласови. Од другата страна на политичкиот спектар, лидерот на Умерената партија Улф Кристерсон се надева дека ќе ја замени Андерсон како шеф на владата.