петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Патнички авион излета од писта на аеродромот во Истанбул

Патнички авион излета од писта на аеродромот во Истанбул

Патнички авион се излета од писта на аеродромот во Истанбул рано утрово, по што аеродромот беше привремено затворен.

Боинг 737-800 на лет од Обединетите Арапски Емирати, во сопственост на нискобуџетската турска компанија „Пегаз“, излета од пистата додека слетуваше на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“.

Патниците беа евакуирани по итна постапка. Кабинетот на градоначалникот на Истанбул соопшти дека нема жртви или повредени и 164 патници се безбедни.