четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Шпанија до 45 степени Целзиусови под сенка

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Шпанија до 45 степени Целзиусови под сенка

Летото само што започна календарски, а Шпанија и Португалија веќе мака мачат со екстремно високите температури.

Јадрото на топла воздушна маса со денови е над Пиринејскиот Полуостров, како дел од африканскиот антициклон и високиот воздушен притисок, кои предизвикуваат ведро и топло време. Температурите вчера надминаа 40 степени Целзиусови.

Денешниот и утрешниот ден ќе го донесат врвот на високите температури за време на овој актуелен топлотен бран. Во цела Шпанија денеска температурите се од 35 до 40 степени Целзиусови на надморска височина од 500 до 1000 метри, односно низ платото од север кон југ.

Најтопло ќе биде во континенталниот дел на јужна Шпанија, односно во Андалузија, со температури до 45°C, а најтопол град ќе биде Севиља со точно 45°C. Во Кордоба се очекуваат 44°C. Станува збор за температури на воздухот во сенка, кои на сонце се повисоки за околу 15 степени.

Благодарение на ефектот на ладење на површината на водата, значително попријатни температури се очекуваат на крајбрежјето, односно Медитеранот, дел од Шпанија, па градовите како Валенсија, Барселона, Малага ќе измерат многу удобни 29 до 30°C, а само 50 километри во внатрешноста на земјата температурите се 45°C.

Уште попријатно е на северозапад од Шпанија, односно на брегот на Атлантикот, со температури од 23 до 25°C.

Топлотниот бран ги зафати источниот и југоисточниот дел на Португалија, со температури до 43°C, додека многу попријатно е во другите делови од земјата, а на брегот на Атлантикот, вклучувајќи ги Лисабон и Порто, температурите над 30°C се не се очекува.