вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон: 13 загинати и 18 повредени американски војници во нападите во Кабул

Пентагон: 13 загинати и 18 повредени американски војници во нападите во Кабул

Во вчерашните два самоубиствени напада врз влезовите на кабулскиот аеродром загинаа 13 американски војници, а 18 се повредени, соопшти Пентагон.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека САД ќе ги фати одговорните за двата самоубиствени напади и ќе платат за тоа.

Тој во обраќањето до нацијата истакна дека од Пентагон побарал да подготви план за одговор за нападите на исламските милитанти.

– Нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ве фатиме и ќе ве натераме да платите, истакна Бајден.