четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон ги етикетира Иран и Северна Кореја како постојани закани

Пентагон ги етикетира Иран и Северна Кореја како постојани закани

Министерството за одбрана на САД (Пентагон) ги опиша Иран и Северна Кореја како континуирани закани во документот насловен како „Стратегија за спротивставување на оружјето за масовно уништување“.

Пентагон објави ажурирана верзија на овој стратешки документ за прв пат од 2014 година.

Во документот, Иран и Северна Кореја се опишани како „постојани закани“, додека Кина е означена како „сè поголема закана“, а Русија како „акутна закана“.

-Развојот на капацитетите и овозможува на Северна Кореја да користи нуклеарно оружје во која било фаза од конфликтот, се вели во дел од документот на Пентагон за Северна Кореја.

Во делот за Иран се наведува дека земјата има суровина да развие нуклеарно оружје за помалку од две недели.