петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон со нов пакет воена помош за Украина

Пентагон со нов пакет воена помош за Украина

Американското Министерство за одбрана денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,2 милијарди долари, а вклучува и противвоздушни системи, муниција и пари за обука на војниците.

Овој пакет на Американска иницијатива за помош за Украина (УСАИ) ја нагласува континуираната посветеност на САД да ги исполнат најитните барања на Украина, како што се испраќање системи за противвоздушна одбрана и муниција, истовремено градејќи го капацитетот на вооружените сили на Украина да ја бранат својата територија и да ја одвратат руската агресија во долг временски период, се наведува во соопштението од Пентагон.

Американското Министерство за одбрана исто така посочува дека ќе бидат испратени артилериски гранати од калибар 155 милиметри, но и дека ќе се обезбедат комерцијални услуги за сателитски слики и поддршка за активности за обука и одржување.