Перуанскиот претседател Педро Кастиљо вчера избегна импичмент од Конгресот во кој доминира опозицијата, по повеќе од осум часа парламентарна дебата.
За импичмент гласаа 55 пратеници, 54 се изјаснија против, а 19 беа воздржани.
Неопходни беа 87 гласа за да се изгласа импичмент на лидерот, кој беше обвинет за корупција и недостиг на морал.