Трибуналот за Либан денеска го осуди припадникот на Хезболах, Салим Џамил Ајаш на пет доживотни казни затвор за убиството на поранешниот либански премиер Рафик ал Харири.
Ајаш е прогласен за виновен во август за тероризам и убиство на Харири и уште 21 човек. Него му се судеше во отсуство бидејќи се уште е во бегство.
Конвојот на поранешниот либански премиер Рафик Харири беше нападнат во Бејрут на 14 февруари 2005 година, при што загинаа 22 луѓе.