Повеќе од 1,6 милиони луѓе досега ја потпишаа онлајн петиција со која се бара покренување тужба против Франција затоа што „не сторила доволно за да се справи со климатските промени“.
Петицијата минатата недела ја покренаа Гринпис, Оксфам и две француски организации за заштита на животната средина.
Нивната иницијатива наиде на огромна поддршка за само неколку дена, а меѓу потписниците на петицијата се и филмските ѕвезди Марион Котијар и Жулиет Бинош.
Директорот на францускиот огранок на Гринпис, Жан Франсоа Жилијар изјави дека иницијаторите се надеваат на судска разрешница со која од Франција ќе се бара дополнително намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Во рамки на напорите за борба против климатските промени, францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец најави зголемување на даноците на бензините, со цел да се одвратат граѓаните од користење фосилни горива, што предизвика протести ширум земјата и доведе до појава на протестното движење „жолти елеци“. Под притисок на протестите, Макрон минатат недела се откажа од поголеми даноци за горивата.