понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петмина мртви во напад на Ал Шабаб во хотел во Могадишу

Петмина мртви во напад на Ал Шабаб во хотел во Могадишу

Најмалку пет лица се убиени кога вооружени бунтовници на екстремистичката група Ал Шабаб денеска нападнале хотел во непосредна близина на претседателската палата во сомалиската престолнина Могадишу, соопшти полицијата.

Полицијата наведува дека во нападот погинале пет лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, пренесоа британските медиуми.

-Мислевме дека се тоа полицајци, но тогаш почнаа да испукуваат гранати и да пукаат врз нас, изјави еден очевидец.

Ал Шабаб, групата која некогаш контролираше поголем дел од земјата, од 2011 година е истисната од главниот град, и оттогаш има изгубено многу свои упоришта низ земјата.