петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пирц Мусар ја предупреди Австрија за спорот за граничната контрола

Пирц Мусар ја предупреди Австрија за спорот за граничната контрола

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ја предупреди Австрија да не продолжува да го троши трпението на нејзината земја во спорот за граничната контрола меѓу двете земји.

– Ако наскоро не се договориме, се плашам дека првата акција ќе биде сигнал до Европската комисија и соодветните понатамошни чекори во рамките на бриселската администрација, изјави Пирц Мусар, која е во официјална посета на Австрија.

По осум години постојано продолжување на рокот, Виена „немаше никако аргумент“ за гранични контроли. Словенија во последните години покажа „дека може да биде трпелива и сака да постигне решавање на проблемите на различен начин“, нагласи Пирц Мусар. Таа рече дека е „тажна што Австрија не го следи европското право по ова прашање“.

– Не сакам уште една летна сезона во која луѓето ќе седат во редици во своите автомобили, иако и Словенија и Австрија се во Шенген зоната и луѓето треба да можат непречено да ја минуваат границата, рече Пирц Мусар.

– Борбата против илегалната миграција може да се води со помалку драстични мерки, нагласи словенечката претседателка. (МИА)