Планот за опоравување на Европа од кризата предизвикана од Ковид-19 треба да биде подготвен да стапи на сила во втората половина од годинава, нагласи еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
Џетилони, поранешен шеф на италијанската дипломатија, во интервју за францускиот весник „Лес Ехос“ рече дека планот за опоравување, за кој лидерите на ЕУ се уште анализираат, би била комбинација на грантови и заеми за најтешко погодените земји.
„Според мое мислење, таа стратегија за обновување треба да се почне во втората половина на оваа година, а не во декември. Тоа е итно“, рече Динтилони.
Европскиот комесар за економија истакна дека не не може да се чека една година за спроведување на таа стратегија.