недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По 13 месеци во Либан конечно е формирана нова влада

По 13 месеци во Либан конечно е формирана нова влада

Формирана е нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот Мишел Аун.

Кабинетот на претседателот денеска соопшти дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати.

Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб.

Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада. (МИА)