Италијанската полиција го уапси најбараниот мафијаш во земјата, Матео Месина Денаро, јавува италијанската агенција АНСА.
Денаро се смета за шеф на сицијаланската Коза ностра и беше во бегство до 1993 година. Матео, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.
Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.
Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.
Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.