четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По 51 ден Киев повторно ракетиран: Напади и во други градови, меѓу загинатите се жена и 3 годишно дете (ВИДЕО)

По 51 ден Киев повторно ракетиран: Напади и во други градови, меѓу загинатите се жена и 3 годишно дете (ВИДЕО)

Предупредувања за воздушен напад рано утрово се издадени во цела Украина, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

Како што јави Би-Би-Си, во Дњепар загинале жена и тригодишно дете.

Фотографии објавени на социјалните мрежи од градот Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена.


Шефот на воената управа во областа Ихор Табуретс информира дека во тој напад загинале три лица, а осум се повредени.

Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, јави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.

Во Киев, системот за противвоздушна одбрана собори 11 проектили и два беспилотни летала, соопштија локалните власти.

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.