Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека по совет на лекарите ги откажал јавните настапи планираните за денеска.
Благодарност до сите што ми посакаа брзо закрепнување по лесната болест што ја имав во етерот. По совет на лекарите денеска ќе одморам и ќе останам дома, напиша тој на својот Твитер профил.
Вчера, за време на телевизиско интервју, му се слоши на Ердоган, поради што мораше накусо да го прекине гостувањето во живо. Подоцна тој појасни дека почувствувал болка во стомакот.
Ердоган информира дека од утре продолжува со предизборната кампања.. Тој посочи дека го откажува своето денешно учество на митинзи во централните турски области Каракале, Јозгат и Сивас.