На пристаништето во Бејрут избувна пожар по повеќе од еден месец од страшната експлозија на магацинот со амониум нитрат во тој град, во кој загинаа 191 лице.
„Ројтерс“ наведува дека голем црн облак од чад се издигнал во небото над либанскиот главен град.
Засега е непознато што го предизвикало пожарот.
Експлозијата во главниот град на Либан, што се случи на 4 август, ги уништи пристанишните објекти и ги опустоши локалните области.
Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот во кој изгореа скоро 3.000 тони амониум нитрат складирани во пристаништето Бејрут.
Fire in Beirut port #Lebanon ??pic.twitter.com/AciXXczPu7
— Aleph א (@no_itsmyturn) September 10, 2020